• петок, 22 ноември 2024

Почна редовната настава во реновираното училиште во карбинското село Таринци

Почна редовната настава во реновираното училиште во карбинското село Таринци

Карбинци, 14 февруари 2024 (МИА) - Новата училишна зграда во село Таринци во Општина Карбинци денеска свечено беше пуштена во функција. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денешното свечено пуштање и почеток на наставата во реновираното училиште во село Таринци изјави дека по повеќе од половина век децата од ова населено место ќе следат настава во нови, модерно опремени простории, согласно потребите на денешниот начин на живот. Зградата во село Таринци е енергетско ефикасна, а за оваа капитална инвестиција се издвоени 16 милиони денари.

-Она што е важно дека учениците од село Таринци ќе посетуваат настава во едни нови, современи услови како што доликува, со нова опрема, нов инвентар, и завршено енергетско ефикасна зграда. Општина Карбинци за овој проект издвои некаде околу 16 милиони денари, дел од средставата се обезбедени од Министерството за Локална самоуправа, а 40 % кофинансира општината, рече Паунов.

Тој денеска најави и  дека во наредниот период ќе започне доградбата на новата детска градинка во село Таринци во која дополнително ќе има место за уште 50 дечиња. Проектите во областа на образованието продолжуваат со реконструкција на училишната зграда во село Радање.

-Наскоро започнува и доградбата на детската градинка овде во Таринци, ќе бидат сместени дополнителни 50 дечиња, ќе немаме листи на чекање и ќе може секое дете да биде згрижено, вели Паунов.

Почетокот на градежните активности за доградба на училишната зграда во село Таринци започна минатата година, со што се промени и стариот начин на затоплување на училниците, од дрва на парно греење. вдј/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан