• петок, 01 ноември 2024

Почна реализација на проектот улично осветлување на неколку локации во Општина Куманово

Почна реализација на проектот улично осветлување на неколку локации во Општина Куманово

Куманово, 18 септември 2024 (МИА) - Жителите на неколку населби од Куманово каде претежно живеат припадници на ромската етничка заедница, ќе добијат ново осветлување, соопштија денеска надлежните од општината. Денеска беше предадена опремата за инсталација на соларните светла за одредени локации, со што започнаа активности во рамка на проектот „Донација за улично осветлување“, што се спроведува во рамки на договорот кој го потпишаа општина Куманово и Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико од Скопје.

Како што наведуваат од општината за реализација и монтажа е ангажирана фирмата „ИЦС Системи“, јавен приватен партнер на општината, чија функција е одржување и унапредување на уличното осветлување. Во акцијата доброволно ќе учествуваат и претставници од ромската заедница, бидејќи опремата за осветлување ќе биде поставена на локации каде претежно живеат припадници на оваа етничка заедница.

На денешното примопредавање на опремата за осветлување, присуствуваше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, со претставници од општинската администрација.

Според договорот ќе бидат поставени 138 улични светла со соларно напојување на повеќе локации, во неколку населени места, по 50 светла во насеблите „Бавчи“ и „Карпи“ во Средорек ќе има 34 светла и четири светла на улицата „Тане Георгиев“

Локалната акција Институтот Ромалитико ја имплементира преку проектот „Заедно за просперитетна заедница“, кој финансиски е поддржан од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД. ам/цр


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан