Почна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“
- Македонскиот народен театар соопшти дека почна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“. Станува збор за колаж од делата на Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ, а по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска.
Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Македонскиот народен театар соопшти дека почна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“. Станува збор за колаж од делата на Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ, а по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска.
Во претставата играат Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.
Во креативниот дел се потпишуваат композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза Трајчевска-Ристоска. Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона, овојпат со продукција „Сектор филм“ во копродукција со Македонскиот народен театар, а продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.бт/са/
Фото: НУ Македонски народен театар