• сабота, 23 ноември 2024

Почна партерно уредување на просторот околу кумановското средно училиште „Наце Буѓони“

Почна партерно уредување на просторот околу кумановското средно училиште „Наце Буѓони“
Куманово, 27 ноември 2020 (МИА) - Почна партерното уредување на дворот на кумановското средно стручно училиште „Наце Буѓони“. Надлежните од училиштето информираа дека уредувањето се спроведува согласно завршениот тендер за која беа предвидени околу 3, 3 милиони денари. Градежните активности почнаа околу училишната зграда. - Предвидено е да се уреди целосно дворот, просторот околу спортската сала да се уреди, да се постават бекатон патеки околу новоизградената спортска сала, да се поврзат работилницата, училишната зграда и спортската сала, асфалтно ќе се поврзе просторот помеѓу дворот и улицата „Бајрам Шабани“. Ќе се поврзат двата влеза околу училиштето и ќе се изгради паркинг, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски. Наскоро се очекува да почне и инсталацијата на греењто во работилницата која ја користат ученици за практично изведување на наставата, и да почне замена на фасадна столарија. Тендерите за овие активности се завршени, избрани се компании. Од општинскиот буџет беа предвидени да се одвојат по 2,2 милиони денари и за фасадна столарија и за поставување греење во работилницата. Училишната зграда е стара повеќе од шест децении, а во ова стручно училиште настава следат околу 2.000 ученици на македонски и албански наставен јазик.ам/фф/

Остани поврзан