• понеделник, 25 ноември 2024

Почна кампањата за имунизација во штипските градинки

Почна кампањата за имунизација во штипските градинки

Штип, 29 април 2024 (МИА) - Преку игра и драматизација да се надмине стравот од вакницирање, вака денеска започна активноста, во рамки на кампањата за  имунизација на децата, во градинката „Вера Циривири Трена“- Штип. Координаторката за имунизација на децата во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип, Дијана Коцева- Миланова вели дека целта на оваа активност е преку драматизација , дечињата слободно и без страв да ги посетуваат амбулантите и да се вакцинират.  

-Со цел да ја одбележиме европската недела на имунизацијата, во заедничка соработка со градинките организираме една работилница. Преку игра и симулација на процесот на имунизација дечињата се обидуваме да доаѓаат во нашите амбуланти и да не чувствуваат страв, рече Коцева-Миланова.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“-Штип, Ивана Ангеличкова изјави дека имунизацијата е важен процес за заштита на здравјето кај децата.

 -Всушност имунизацијата не е страшна, односно вакцинирањето не е страшно и децата не треба да се плашат од шприцеви, игли, затоа што тоа придонесува да тие бидат здрави деца, и да ги посетуваат нашите детски градинки. За запишување во градинка треба детето да има уреден вакцинален статус во моментот на запишување, рече  Ангеличкова.

Миланова-Коцева посочува дека се задоволни од процентот на вакцинирани деца во Штип и регионот. Свеста е голема вели таа, додавајќи дека ова е причина поради која во овој регион нема заразени деца со голема кашлица.

 -Ние сме задоволни од процентот на имунизација, конкретно на територија на Општина Штип изнесува над 90% , изјави Коцева-Миланова. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан