• вторник, 19 ноември 2024

Почна изградба на улица во кумановското село Лопате

Почна изградба на улица во кумановското село Лопате

Куманово, 4 јуни 2024 (МИА) - Почна изградбата на улица во кумановското село Лопате, соопштија денеска надлежните од Сектоорт за комунални дејности.

- Механизацијата е веќе на терен кој се подготвува за асфалтирање. Улицата е дел од програмата за изградба на улици за тековната година. Жителите на Лопате ќе добијат подобри инфраструктурни услови за живеење, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Претходно во 2022 година Општината вложи за уредување краци со бекатон во ова населено место.

За оваа програма општината одвои околу 20 милиони денари.

- Наскоро ќе се уредуваат улици во Черкезе, најави Јовановски.

Во рамки на програмата за уредување со бекатон за што се одвоени околу 22, 3 милиони денари уредени се улиците во приградските населби Иго Тричковиќ, каде заврши изградбата на улицата „403“. Таму претходно беа уредени неколку улици по повеќе од децении. Во населбата Перо Чичо заврши изградбата на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“. ам/мд/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан