• понеделник, 23 декември 2024

Почна изградбата на спортски игралишта во три средни училишта во Куманово

Почна изградбата на спортски игралишта во три средни училишта во Куманово
Куманово, 18 ноември 2020 (МИА) - Почна изградбата на три спортски игралишта во три средни училишта во Куманово. Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски информира дека нови игралишта ќе добијат гимназијата „Гоце Делчев“ и средните стручни училишта „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“.
Игралиштата појасни Димитриевски, ќе имаат еластична спортска подлога (тартан) за надворешни мултиспорт игралишта, фиксна трибина во два реда со 80 седишта, заштитна ограда и скали, комплет голови со мрежа по IHV стандарди, комплет кошеви со зглобен обрач и мрежа по FIBA стандарди.
  Во октомври на јавниот оглас беше избрана најдобра фирма изведувач. Од одделението за јавни набавки од општина Куманово, информираа дека вкупната вредност на договорот изнесува со вклучен данок на додадена ведност изнесува 8.835.107. 22 денари. За најповолен понудувач беше избран економскиот оператор ДЗИТПТ „ИНТЕКО Иван“ ДООЕЛ Скопје. Во гимназијата ќе се санира игралиштето со површина од 956 метри квадратни, во „Наце Буѓони“ од 1.153 и во „Перо Наков“ 989 метри квадратни површина. Надлежните од општината појаснија дека во овој период, бидејќи учениците поради пандемијата не присуствуваат на настава создадени се услови за санација и реконструкција на училишта. Претходно, на седница на советот на општина Куманово, надлежните од секторот за финансии, информираа дека училиштата кои не ги искористија средствата за превоз и од блок дотациите ќе ги користат за санација на училишта, спортски игралишта, фасади, кровни конструкции.ам/фф/

Остани поврзан