• петок, 17 мај 2024

Почна изградбата на полузатворениот Градски пазар во Штип

Почна изградбата на полузатворениот Градски пазар во Штип

Штип, 5 јануари 2024 (МИА) - Почна изградбата на полузатворениот Градски пазар во Штип. 

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информира дека инвестицијата се реализира од буџетот на општината. Потенцира дека само за уредување и изградба на полузатворениот Градски пазар се предвидени повеќе од 10 милиони денари, а за дополнителната изградба и уредување на паркинг просторот и улицата ќе се потрошат околу три милиони денари.

-Очекувам напролет освен градежните активности за бетонирање на платото, поставување на стопи, ќе следат и активности за поставување на конструкцијата и некаде во пролетните месеци да завршат сите овие активности, рече Јорданов.

Јорданов истакна дека новите тезги коишто ќе бидат поставени ќе бидат модерни, кои, како што рече, ќе доликуваат на новиот полузатворен Градски пазар.

Градежните активности почнаа денеска на второто плато на постојниот Градски пазар. вдј/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан