• среда, 26 јуни 2024

Почна изградбата на водоводот во Сушица

Почна изградбата на водоводот во Сушица
Струмица, 20 јануари 2020 (МИА) - Општина Ново Село ја почна изградбата на нов потисен водовод, примарна и секундарна водоводна мрежа во селото Сушица, проект кој беше подолго време најавуван. Средствата за изградбата во износ од над 22 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и буџетот на Општина Ново Село. Според проценките на општината и изведувачите, работите околу изградбата на новата водоводна мрежа во селото Сушица се очекува да завршат на почетокот на идната година. Во ова населено место живеат околу две илјади жители и е второ по големина по општинскиот центар Ново Село.рт/ир

Остани поврзан