• понеделник, 25 ноември 2024

Почна да се гради дел од патот кон штипското село Почивало

Почна да се гради дел од патот кон штипското село Почивало

Штип, 14 март 2022 (МИА) - Почнаа градежните активности за реализација на патниот правец Шашаварлија, Кошево и Почивало. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека ова е долгогодишна потреба на граѓаните на трите села, но и на оние кои за викендите се враќаат на своите имоти.

-Станува збор за долгогодишна потреба на овој дел од Штип, на жителите кои гравитираат, живеат, трнзитираат по овој досега импровизиран патен правец. Од денеска почнуваме со нанесување на земјениот слој, веднаш потоа ќе се пристапи со асфалтирање и се надевам дека ова ќе биде подобрување на патната инфраструктура и на најдалечните делови од Општина Штип, додаде Јорданов.

Патот е  во должина од еден километар, вкупната вредност е од пет милиони денари, од кои четири милиони доаѓаат од државниот буџет,а Општина Штип учествува со еден милион денари. Јорданов најави дека во иднина ќе се следат сите повици кои ќе бидат распишани, а како што напомена, Општина Штип ќе учествува со сопствени средства за да се направи повеќе за граѓаните во Штип.вдј/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан