• петок, 22 ноември 2024

Почна  втортата фаза од проектот изградба на конзоли на река Отиња

Почна  втортата фаза од проектот изградба на конзоли на река Отиња
Штип, 25 јуни 2022 (МИА) - Градежните активности за изградба на конзоли на река Отиња почнаа од денеска. Станува збор за втората фаза, односно во продолжение на веќе поставените, од општинската зграда до мостот кај црквата „Свети Никола“ во Штип. Парите се обезбедени од Буџетот на општината, а треба да заврши за еден месец. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека станува збор за инвестиција од 4,5 милиони денари. - Овој потег ќе биде завршен во наредниот месец, но исто така ќе го започнеме и потегот од гимназијата Славчо Стоименски до училиштето „Ванчо Прќе“ во наредните денови и практично ќе го зголемиме опфатот. Овде инвестицијата е околу шест милиони денари од Буџетот на Општина Штип. Нашата цел е комплетно да го реализираме низводно на река Отиња целиот проект за конзоли на река Отиња, рече Јорданов. Истовремено, овој проект ќе продолжи и од другата страна на река Отиња, што за една година се очекува проширување на коловозните ленти од двете страни на реката. -По иницијатива и поднесување на амандман од страна на пратеникот Никола Мицески се обезбедени четири милиони денари кои догодина ќе бидат инвестирани на другата страна низводно на река Отиња затоа што ќе продолжиме интезивно со реализиација на овој проект, додаде Јорданов. Претходно се поставија конзолите на река Отиња на потегот пред општинската зграда. Со поставување на конзолите, се поширува коловозот, а сообраќајот ќе може да се одвива двонасочно, со цел да не се создава сообраќаен хаос во централното градско подрачје. вдј/аа/

Остани поврзан