• недела, 22 декември 2024

Почнаа со работа тениските терени во Куманово

Почнаа со работа тениските терени во Куманово
Куманово, 28 март 2023 (МИА) - Тениските терени во Куманово почнаа да функционираат, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“ кое менаџира со комплексот базени и тениските терени. Од претпријатието, нагласуваат дека од 1 април, годинава ќе ги утврдат термините кои ќе ги користат и клубовите и рекреативците.

Од пред една недела пуштени се во употреба тениските терени на инсистирање на граѓаните и на клубовите, бидејќи временските услови тоа го дозволуваа. Оваа недела има мал застој затоа што деновите се врнежливи меѓутоа со клубовите, а и со асоцијацијата која работи на тенискиот спорт, која е и школа за тенисери од Куманово се договоривме во текот на оваа недела до први април да ги договориме и термините и политиката на користење на тениските терени со тоа што ние како ЈП имаме интенција да бидат достапни до сите граѓани, изјави директорот на претпријатието, Сашо Петрушевски.

Преку овој начин на работа ќе се обезбедат слободни термини за големиот број рекреативците како и за клубовите кои работат со млади тенисери.

- Имам сознанија дека неколку наши тенисери и тенисерки веќе имаат некаков завиден успех со тоа што ние како општина и како ЈП сакаме да им овозможиме да со својата работа го достигнат нивниот врв и да направат уште поголеми успеси во наредниот период, изјави Петрушевски.

Од ЈП „Куманово Паркинг“ информираат дека и недела ќе биде отворена за работа, веќе се поднесени барања до трудовата инспекција.

- Се надевам дека ќе добиеме до први април, и мислам дека од наредната седмица и недела ќе ја покриеме со работа, после добивање на дозвола така што можат и рекреативците и клубовите да ги користат терените и во ден недела, вели Петрушевски. ам/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан