Почнаа градежни активности за инфраструктура во новата штипска населба кај Три Чешми
- Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека во оваа нова населба ќе се трасира комплетна нова водоводна и канализациона мрежа, како и три улици. Инаку досега се продадени десет парцели, а за десет во тек е постапката за аплицирање од страна на граѓаните.

Штип, 23 април 2025 (МИА) – Почнаа подготвителни градежни активности за изградба на водоводна и канализациона мрежа во новата населба, која е веднаш до населбата Три Чешми во Штип.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека во оваа нова населба ќе се трасира комплетна нова водоводна и канализациона мрежа, како и три улици. Инаку досега се продадени десет парцели, а за десет во тек е постапката за аплицирање од страна на граѓаните.
-Планираната населба содржи 80 плацеви за индивидуално домување куќи. Така да во месеците паралелно со изведбата на инфраструктурата во рамки на новата населба до Три Чешми ќе се отуѓат и останатите 70 парцели, коишто верувам ќе допринесат за зголемување на бројот на жители на овој дел од градот, рече Јорданов.
Тој посочи дека распишан е тендер од страна на Министерството за транспорт и врски за изградбата на водовод и канализациона мрежа во новата населба, но и за викенд населбата Плуждино и инвестицијата се очекува да изнесува 22 милиони денари.
Штипскиот градоначалник, Јорданов рече дека Штип ќе се шири и меѓу населбите Баби и Сењак, каде што ќе се продаваат околу сто плацеви за изградба на индивуидуални куќи. Тој верува дека ова ќе придонесе и ќе влијае на побарувачката на недвижности, како и стабилизирање на пазарот на недвижности, а пред се задоволување на потребите на младите брачни парови кои сакаат да живеат и работат во Штип. вдј/дма/
Фото: МИА