Почнаа активности за уредување на просторот околу градскиот пазар во Берово
- Почнаа активности за партерно уредување на просторот околу Градскиот пазар во Берово. Како што соопшти денеска градоначалникот Звонко Пекевски, во план е да биде асфалтиран просторот пред влезот на градскиот пазар, во вкупна површина од околу 1000 квадратни метри.

Берово, 27 март 2025 (МИА) - Почнаа активности за партерно уредување на просторот околу Градскиот пазар во Берово. Како што соопшти денеска градоначалникот Звонко Пекевски, во план е да биде асфалтиран просторот пред влезот на градскиот пазар, во вкупна површина од околу 1000 квадратни метри.
-Вложуваме во подобрување на инфраструктурата во градот и населените места, за сите нас. Во рамки на градежните работи, предвидена е и изградба на пристапни скали и рампа. Со тоа Берово ќе добие нов уреден простор и подобар пристап до градсиот пазар, истакна Пекевски.
Посочи дека средствата се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Владата.
-Активноста се финансира преку инфраструктурни проекти од Програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година, додаде Пекевски.
За реализација на активноста се предвидени 2.125.907 денари. вс/хс/
Фото: МИА