Почина Шинејд О’Конор
- Ирската пејачка Шинејд О’Конор, која се прослави со изведбата на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“, почина на 56-годишна возраст, потврди нејзиното семејство, јавија ирските и британските медиуми.

Лондон, 26 јули 2023 (МИА) – Ирската пејачка Шинејд О’Конор, која се прослави со изведбата на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“, почина на 56-годишна возраст, потврди нејзиното семејство, јавија ирските и британските медиуми.
Медиумите потсетуваат дека познатата пејачка, која има снимено 10 албуми, минатата година го загуби синот кој тогаш имал 17 години и оти имала историја на психички проблеми.
Минатата година беше снимен биографски филм за неа, а таа самата објави мемоари во 2021 година. јт/
Фото: Јутјуб скриншот