• недела, 22 декември 2024

Почина шведско-американскиот скулптор Клес Олденбург

Почина шведско-американскиот скулптор Клес Олденбург

Њујорк, 19 јули 2022 (МИА) - Влијателниот скулптор Клес Олденбург (Клес), чии огромни дела од секојдневни предмети воодушевуваат милиони луѓе ширум светот, почина вчера во својот дом во Њујорк на 93-годишна возраст. Галеријата „Пејс“, која го претставуваше уметникот, соопшти дека настрадал од последици од неодамнешниот пад.

Клес, инаку, е опишан како „еден од најрадикалните уметници на 20. век, во развојот на поп-артот“. Олденбург е роден во Шведска, а во САД се преселил во 50-тите. Познат е по своите уникатни дела коишто прикажуваат современи предмети, како - предимензионирани штипки за алишта, безбол-палки, лак со стрела, хамбургери, електрични приклучоци или џиновски велосипедски тркала „закопани“ в земја. Неговите скулптури ги красат јавните места во САД и ширум светот.  си/

Остани поврзан