• петок, 10 мај 2024

Почина Франц Бекенбауер

Почина Франц Бекенбауер

Минхен, 8 јануари 2024 (МИА) - На 78-годишна возраст почина легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер. 

Веста за неговата смрт германските медиуми ја објавија денес.

Како активен фудбалер Бекенбауер стана светски шампион во 1974 година, а мундијалот го има освоено и како селектор во 1990 година. 

Со Баерн Минхен има четири трофеи во Бундеслигата, три пехари од Лигата на шампионите.

Два пати (1972 и 1976 година) Франц ја освои златната топка.

Последен професионален ангажман му беше функцијата претседател на Баерн Минхен, од 1994 до 2009 година. зс

Остани поврзан