• петок, 05 јули 2024

Почина Славе Атанасовски, првиот селектор на македонската ракометна репрезентација

Почина Славе Атанасовски, првиот селектор на македонската ракометна репрезентација
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) – Македонскиот ракомет загуби уште една легенда. Денес почина првиот селектор на машката репрезентација, Славе Атанасовски – Чаве. Атанасовски е роден во 1945 година во Скопје. Својата играчка кариера ја почна во  Партизан, а потоа настапуваше за Графичар, сегашен Вардар, Борец, Металург и Пролет. Под водство на Атанасовски, македонската репрезентација во 1993 година го одигра првиот официјален натпревар, на меѓународен турнир во Романија. Во својата тренерска кариера, Атанасовски беше тренер на повеќе македонски клубови, а работеше и како тренер во грчки екипи и како селектор на женската репрезентација на Грција. зс/

Остани поврзан