• недела, 22 декември 2024

Почина поранешниот тренер на Јута, Џери Слоун

Почина поранешниот тренер на Јута, Џери Слоун
Солт Лејк Сити, 22 мај 2020 (МИА) - На 79 години почина поранешниот тренер на Јута џез, Џери Слоун. Оваа тажна вест денес ја објавија медиумите во САД. Во 2016 година, на реномираниот тренер му беше дијагностицирана Паркинсонова болест и деменција. Слоун беше еден од најуспешните тренери во кошарката. Тој ги предводеше „џезерите“ 23 сезони (1988-2011), двапати го водеше тимот до финалето во НБА (1997, 1998). Под водство на Слоун, Јута забележа 1.223 победи. Како играч, Слоау двапати стана учесник во НБА-ол-стар натпревар (1967, 1969). Во 2009 година, Џери Слоун беше примен во кошаркарската „Куќа на славните“. зс/

Остани поврзан