Почина поранешниот канадски премиер Брајан Малрони
- Тој го одбележа канадскиот политички живот во 1980-тите, особено со потпишувањето на историскиот договор за слободна трговија со САД, што подоцна беше проширен и во Мексико.

Монтреал, 1 март 2024 (МИА) - Поранешниот канадски премиер Брајан Малрони почина на 85-годишна возраст, објави неговата ќерка на социјалните мрежи.
Брајан Малрони, роден во Квебек, ја водеше земјата од 1984 до 1993 година.
Тој го одбележа канадскиот политички живот во 1980-тите, особено со потпишувањето на историскиот договор за слободна трговија со САД, што подоцна беше проширен и во Мексико. сд/
фото:ЕПА