Почина пејачот и композитор Зафир Хаџиманов
- Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина како последица на вирисот Ковид-19.

Скопје, 27 март 2021 (МИА) - Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина како последица на вирисот Ковид-19.
Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград.
Беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар.
Зад себе остави над 5.000 записи од македонски изворни песни.свс/лв/