Почина најдобриот стрелец во историјата на поранешна Источна Германија
- Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на поранешна Источна Германија, Јоаким Штрајх, почина на 71-годишна возраст, по долга и тешка болест, соопшти денеска неговиот п

Берлин, 16 април 2022 (МИА) – Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на поранешна Источна Германија, Јоаким Штрајх, почина на 71-годишна возраст, по долга и тешка болест, соопшти денеска неговиот поранешен клуб Магдебург.
Рекордер според бројот на настапи (102) и постигнати голови (55) во репрезентативниот дрес, Штрајх беше наречен „Герд Милер од Истокот“.
На клупски план ги носеше дресовите на Ханза од Росток и Магдебург, за кој постигна рекордни 225 голови.
„Јоаким Штрајх ќе живее во срцата на сите членови на клубот и сите навивачи, а спомените на нашиот најдобар стрелец секогаш ќе бидат достојни почитувани“, соопшти Магдебург.
Штрајх со Магдебург освои три куп трофеи, а со Источна Германија беше бронзен на Олимписките игри 1972 во Минхен. ег/паг/