• петок, 22 ноември 2024

Почина Литл Ричард, музичар и „татко на рокенролот“

Почина Литл Ричард, музичар и „татко на рокенролот“
Вашингтон, 9 мај 2020 (МИА) - Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор.   Неговото крстено име е Ричард Вејн Пениман. Синот на музичарот, Дени Пениман ја потврди информацијата за смртта на неговиот татко. Се дознава дека причината за смртта е рак. Литл Ричард се смета за еден од оснавчите на рокенролот. Се здоби со светска слава по неколку синглови како "Tutti Frutti", "Long Tall Sally", "She’s Got It" издадени во 1950-те години. Песните се препеани од многу музичари и артисти како Елвис Присли. Пејачот е ставен во Холот на рокенрол славата во 1986 година и беше еден од првите со ова признание. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан