• понеделник, 23 декември 2024

Почина легендата на бразилскиот фудбал Марио Загало

Почина легендата на бразилскиот фудбал Марио Загало

Рио де Женеиро, 6 јануари 2024 (МИА) – Легендата на бразилскиот фудбал Марио Загало, кој ќе остане запаметен како првиот фудбалер кој освои титула на Светско првенство како фудбалер, а потоа и како тренер, почина во петокот на 92-годишна возраст, објави денеска Фудбалската федерација на Бразил.

Познат по прекарот „Професорот“, Загало како играч освои две светски титули (1958 во Шведска и 1962 во Чиле), за потоа како тренер да му ја донесе светската титула на Бразил во Мексико 1970, а беше помошник тренер при освојувањето на светската титула во САД во 1994.

Повторно седеше на селекторската клупа на Бразил во 1998, кога Кариоките загубија во финалето на „Стад де Франс“ од Франција со 3-0.

Светската титула како играч и тренер, по Загало, успеаја да ја освојат само легендарниот Германец Франц Бекенбауер (1974 како играч и 1990 како тренер) и Французинот Дидие Дешамп (1998 како играч и 2018 како тренер). ег/аа/

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан