Почина заразениот британски дипломат во Будимпешта
- Почина заменик шефот на мисијата во британската амбасада во Будимпешта Стивен Дик, кој беше заразен со вирусот Ковид-19, соопшти денеска Форин офисот.
Будимпешта, 25 март 2020 (МИА) - Почина заменик шефот на мисијата во британската амбасада во Будимпешта Стивен Дик, кој беше заразен со вирусот Ковид-19, соопшти денеска Форин офисот.
Како што е наведено во соопштението, 37-годишниот дипломат починал вчера во Унгарија.
Дик беше заменик на британскиот амбасадор во Унгарија од декември минатата година. паг/