• среда, 06 ноември 2024

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров
Белград, 27 октомври 2022 (МИА) - На 78-годишна возраст денеска во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски науки, а од 1994 година беше вработен на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Северна Македонија, Србија и Црна Гора. Во своите истражувања особено се занимаваше со долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари. Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика“, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal“ и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа. об/хс/

Остани поврзан