• недела, 22 декември 2024

Почина генералниот секретар на ОПЕК

Почина генералниот секретар на ОПЕК
Абуџа, 6 јули 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) Мохамад Баркиндо почина на 64-годишна возраст, соопштија денеска нигериските власти.
Портпаролот на нигериското Министерство за нафта потврди дека Баркиндо починал во Абуџа, еден ден по средбата со нигерискиот претседател во главниот град на земјата.
Не е познато што ја предизвикало смртта на генералниот секретар на ОПЕК.
Баркиндо беше генерален секретар на ОПЕК во последните шест години. паг/
   

Остани поврзан