Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
- Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако излетал надвор од коловозот. Во моментов се работи на утврдување на идентитетот на починатиот.
Штип, 28 август 2025 (МИА) – Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако излетал надвор од коловозот. Во моментов се работи на утврдување на идентитетот на починатиот.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во СВР Штип несреќата е пријавена денеска во 09.43 часот.
- СВР Штип е пријавено дека во село Облешево, патничко возило "мерцедес" со кочански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Во близина на возилото бил пронајден починат возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт, се вели во соопштението од МВР.
Во тек е увидот на местото на несреќата и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот. вдј/бак/
Фото: МИА архива