• понеделник, 23 декември 2024

Почина борецот Муса Јамак, втора смрт во боксот за 2022 година

Почина борецот Муса Јамак, втора смрт во боксот за 2022 година
Мадрид, 17 мај 2022 (МИА) - Германскиот борец Муса Јамак почина во саботата откако доживеа срцев удар и колабираше во боксерскиот ринг по претходна тепачка истиот ден на мало шоу во Гархинг, Германија. Како што пренесува „Марка“, триесет и осумгодишниот Јамак, до тој момент непоразен германски боксер со турско потекло, се обиде да излезе за третата рунда, но падна на земја и падна во несвест. Борбата ја доби ветеранот од Уганда, Хамза Вандера. Подоцна, боксерот бил прогласен за мртов во болница, а причина за смртта е наводно срцев удар. Ова е втора смрт во боксот во 2022 година, по смртта на рускиот боксер со ерменско потекло, Арест Сахакјан, на 9 јануари. ар/ац/

Остани поврзан