Почина актерката Неда Арнериќ
- Познатата српска актерка Неда Арнериќ денеска почина на 67-годишна возраст.

Белград, 10 јануари 2020 (МИА) - Познатата српска актерка Неда Арнериќ денеска почина на 67-годишна возраст.
Како што јави „Блиц“, според првите информации, актерката била пронајдена во нејзиниот стан на Врачар, Белград.
Неда Арнериќ е родена во 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера и голем број улоги на филм и во театар. јт/