• среда, 15 мај 2024

Починат старец пронајден кај Валандово

Починат старец пронајден кај Валандово

Струмица, 12 октомври 2023 (МИА) - Вчера на местото „Аџиовско трло“, во близина на селото Пирава, валандовско, бил пронајден починат Д.С. (72) од Пирава.

Како што информираа од СВР Струмица, тој бил пријавен дека на 8-ми овој месец се оддалечил од домот.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот старец било предадено на обдукција, која треба да ги утврди околностите и причините под кои настапила смртта. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан