• петок, 05 декември 2025

Починато бебе однесено во струшката болница

Починато  бебе однесено во струшката болница

Струга, 28 мај 2025 (МИА) - Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА директорот на болницата, Владимир Бунчески.

Причините за смртта, според него, треба да ги покаже обдукцијата.

Во полициската станица во Струга, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, утрово во 8 часот и 30 минути било пријавено дека на детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струга, од страна на родителите од струшко село, било донесено нивното двомесечно бебе, без знаци на живот.

-Од страна на медицинска екипа, било пристапено кон реанимирање по што, доктор педијатар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, врз телото, лекар од судска медицина извршил обдукција при што, не се констатирани траги на насилство. Полициски службеници од ОВР Струга, извршија разговори со родителите, а потоа и увид во нивниот дом, изјави Димоски. сс/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан