• понеделник, 13 мај 2024

Починал прилепчанец додека управувал автомобил

Починал прилепчанец додека управувал автомобил

Скопје, 2 јануари 2024 (МИА) - Прилепчанец вчера починал откако му се слошило додека управувал со автомобилот.

-Вчера во 18:30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на  И.С.(67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот. И.С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан