• петок, 05 декември 2025

Починал осуденик пренесен на Клинички во Скопје откако му се влошила здравствената состојба

Починал осуденик пренесен на Клинички во Скопје откако му се влошила здравствената состојба

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Осуденик починал откако бил пренесен на Клиничкиот центар во Скопје по влошување на неговата здравствена состојба.

- Синоќа во 20:41 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, од Казнено - поправната установа „Затвор - Идризово“, пријавено е дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје починал осуденикот М.С., на 73-годишна возраст, од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, кој на 31 октомври бил пренесен во здравствената установа, откако му се влошила здравствената состојба, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан