• сабота, 23 ноември 2024

Почивалшек: Вработените во државната служба во Словенија мора да се вакцинираат

Почивалшек: Вработените во државната служба во Словенија мора да се вакцинираат
Љубљана, 10 септември 2021 (МИА) - Вработените во државната служба во Словенија мора да се вакцинираат или да покажат потврда дека прележале Ковид-19, во спротивно нема да можат да работат со странки, најави министерот за економија и вицепремиер Здравко Почивалшек. „Од вработените кои се во контакт со луѓе ќе се бара како услов за работа да бидат вакцинирани или да прележале Ковид-19“, рече Почивалшек, додавајќи дека тоа повеќе нема да биде можно со негативен тест за коронавирус како порано. Тој рече дека ова е еден од следните чекори за да се покаже „потврд“ став кон потребата да се вакцинира што е можно поголем дел од населението и дека тоа требало да се направи порано. Според него, таков потег е можен со законот и прописите во областа на безбедноста при работа. Последните недели, на т.н. услови за работа (прележани, вакцинирани, тестирани) или задолжителна вакцинација реагираа некои синдикати, меѓу кои синдикатот за образование и синдикатот на војниците, како и некои претставници на полицискиот синдикат. Покрај тоа, Стопанската комора изрази противење на одлуката да се спроведуваат редовни неделни тестирања за коронавирус за вработените во работно време и на трошок на работодавачите. паг/  

Остани поврзан