• среда, 25 декември 2024

Почесно членство во Одборот за прослава на Бадник на сите кумови и здравичари

Почесно членство во Одборот за прослава на Бадник на сите кумови и здравичари
Скопје, 14 мај 2022 (МИА) - Скопските Бадникари - чуварите на светлите градски традиции, од оваа година воведуват почесно членство во Одборот за прослава на Бадник на сите кумови и здравичари на манифестацијата. Станува збор за иницијатива што се заговара уште од почетокот на речиси 30-годишната традиција на дружење во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ на Бадник во пресрет на големиот христијански празник Божик. На средбата, што беше реализирана во прекрасниот амбиент на винаријата „Винар“ во Скопје, присустуваа многумина од главните ликови на 6-јанурските дружења кои со воодушевување ја прифатиле иницијативата. Гостите ги поздрави претседателот на Здружението Ангел Георгиев, кој се заблагодари на поддршката и несебичната помош, за се што ќе се замисли и да се оствари и искажа желба и цврста верба во натамошна соработка и помош од секаков вид. Членот на Одборот, новинарот Марко Илкоски, на средбата, детално ги евоцираше сите важни моменти од првата средба на 6 јануари 1993 година на пазарчето Буњаковец, па се до денешни дни. Тој истакна дека 30-годишнината во 2023-та ќе биде одбележана со свечен собир и со издавање монографија, а не пропушти и да ги спомне сите кои си заминаа од овој свет, на кои им беше одадена почит со едноминутно молчење. Дел од присутните се обврзаа за што е можно поскоро организирање на слична средба со дружба до доцна во ноќта, во опуштен амбиент со чашка добро вино и храна. Почесното членство не е само помош и поддршка, туку многу повеќе - традицијата лесно се замислува тешко се одржува. Ќе има уште вакви пријатни случувања, уверуваат Бадникарите. вг/сп/ https://www.youtube.com/watch?v=9wmTlZSlMIY

Остани поврзан