• среда, 25 декември 2024

Почесното Рациново признание ќе му биде доделено на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад

Почесното Рациново признание ќе му биде доделено на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад
Велес, 2 јуни 2022 (МИА) - Професор д-р Жарко Бошњаковиќ, кој е истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад во научно обрзовната област српски јазик и лингвистика, е добитник на Почесното Рациново признание за 2022 година. Бошњаковиќ учествува во изработка на Прирачници за реализација на настава по македонски јазик за потребите на многубројни образовни институции во соседна Србија. Годинашниот добитник на престижната наградата, Почесно Рациново признание 2022 посветува големо внимание и на проучување на балканските јазици. Неговите трудови од областа на синтаксата и теолингвистиката користат специфични лингвистички методи базирани на споредбено проучување на македонскиот, српскиот и грчкиот јазик. - Како долгогодишен универзитетски професор Бошњаковиќ учествува во реализација во повеќе наставни програми за додипломски, магистерски и докторски студии, како што се Вовед во балканологија, Балканските јазици во контакт, теренска лингвистија, македонски јазик 1, македонски јазик 2 и многу други. Проф. д-р Жарко Бошњаковиќ е автор и коавтор на значајни монографии, како и на бројни статии и студии објавувани во значајни стручни, периодични публикации во Србија и пошироко, информира на денешната прес-конференција Владимир Илиевски од НУБС. Проф д-р Бошњаковиќ е автор и коавтор на значајни монографии, како и на значајни статии и студии објавувани во значајни публикации во Србија и пошироко. Автор е на „Македонски јазик, читанка, речник, граматика 1986“, „Со македонски во светот 2005“, коавтор е на обемното дело „Македонско-српски и српско-македонски речник:изговор и граматика 2008“. Почесното Рациново признание на добитникот ќе му биде врачено во рамки на претстојните 59. Рацинови средби што во Велес ќе се одржат од 9 до 15 јуни. ад/мс/

Остани поврзан