• петок, 28 јуни 2024

Почесниот претседател на МАЕИ Фетаху на средба со млади во Тирана за предизвиците на малцинствата во Албанија

Почесниот претседател на МАЕИ Фетаху на средба со млади во Тирана за предизвиците на малцинствата во Албанија

Дебар, 3 март 2024 (МИА) - Почесниот претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, проф. д-р Кимет Фетаху, денеска во Тирана учествуваше на средба со млади, одржана на тема „Кон инклузија: Прашањето на националните малцинства“.

Фетаху, Македонец по потекло од Голо Брдо кој живее во Тирана, е познат универзитетски професор и еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија.

На средбата Фетаху се осврнал на различни прашања, кои ги засегаат националните малцинства во Албанија. 

– Во дискусијата, Фетаху се фокусираше на предизвиците со кои се соочија националните малцинства во последните години, вклучително и јазичните прашања и учеството во одлучувањето. Тој, исто така, даде свое мислење за точноста на пописот од 2023 година и неговото влијание врз демографските податоци на националните малцинства, пренесува весникот „Македониум“. 

Според објавата, друга точка на дискусиите бил ставот на Фетаху на мерките што ги презема албанската влада за справување со проблемите на малцинствата, оценувајќи дека владата може и треба да направи повеќе. 

Тој се осврнал и на, како што пренесува весникот, „обидите на Бугарија за асимилација на македонската заедница во Албанија“, пренесувајќи го непобитниот факт дека во Албанија живеат Македоници, дека ниту имало ниту има Бугари, освен во Бугарската амбасада во Тирана. 

– Исто така, ја изнесе својата визија за иднината на зачувувањето на идентитетот на националните малцинства во Албанија, нагласувајќи ја важноста од соработката и меѓусебното разбирање меѓу различните етнички групи. Неговото учество на овој настан служи како доказ за неговата постојана посветеност на промовирање на меѓуетнички дијалог и разбирање, наведува весникот. 

Констатира дека средбата „беше важна платформа за дискусија и решавање на прашања кои ги засегаат националните малцинства во Албанија и регионот“. вт/ра/

Фото: „Македониум“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан