• петок, 17 мај 2024

Поцеко: Му се извинив на Јанис

Поцеко: Му се извинив на Јанис
Берлин, 13 септември 2022 (МИА) - Селекторот на Италија, Џанмарко Поцеко му се извинил на грчкиот кошаркар, Јанис Адетокумбо, на кого скокна во излив на емоции откако ја совлада Србија во осминафиналето на Евробаскетот. Според Поцеко, тој ја запознал суперѕвездата на НБА во хотелски лифт. - Му се извинив на Јанис. Му реков: „Жал ми е. Бев само среќен по нашата победа. И тој почна да се смее. Во повеќето случаи, играчот и личноста се целина. Ако човек е добар на теренот, тогаш е добар во животот. Јанис е совршен пример. Тој е неверојатна личност, изјави Поцеко. Грција вечер во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство ќе се соочи со германија, додека Италија утре силите ќе ги одмери со Франција. зс/

Остани поврзан