Потпретседателот на Собранието, Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа
- Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски на 23 и 24 ноември ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Стокхолм, Кралство Шведска.
Скопје, 21 ноември 2025 (МИА) - Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски на 23 и 24 ноември ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Стокхолм, Кралство Шведска.
Како што информираат од собраниската прес-служба, со состав на Делегацијата е и Бобан Стојаноски заменик-генерален секретар на Собранието.
Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Андреас Норлен, Претседател на Парламентот на Kралството Шведска.
На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти,10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија.
Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, Вториот самит се одржа во 2023 година во Прага, Чешка Република а Третиот парламентарен самит се одржа во 2024 година во Рига, Летонија. фф/вј/
Фото: МИА Архива