• четврток, 26 март 2026

Потпретседателот на ЗНАМ – За Наша Македонија, Павле Арсоски на средби во Вевчани и Струга

Потпретседателот на ЗНАМ – За Наша Македонија, Павле Арсоски на средби во Вевчани и Струга

3 јули 2025

„Караваните на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија под работен наслов „Со срце за нашата општина“ работат со полна пареа низ целата држава“, рече во изјавата за медиумите потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски во Вевчани и додаде:
„Целта на овие каравани е да оствариме средби со членовите, симпатизерите на Движењето и да ги слушнеме нив,  нивните мислења, размислувања. Да ги слушнеме нивните проблеми во општините и на тој начин да
изработиме што е можно подобра изборна програма“.

„Во изминатиот период започнавме и процес на составување на листи за советници во сите општини каде што имаме општински организации, а таму каде што немаме, ќе распишеме јавен повик за заинтересирани коишто би настапиле под знамето на Движење ЗНАМ.

Нашите листи ќе бидат со најдобрите кандидати, а ќе имаме реална, конкретна и остварлива програма.“, рече Арсоски.
Тој се задржа и на одржаниот Втор Конгрес на Движењето на кој беа избрани органите и телата на партијата со мандат од четири години и потенцира дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која постојано расте, како со членство, така и со нејзината инфраструктура.

Арсоски нагласи дека  Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија  по одржувањето на локалните избори ќе има советници во сите општини каде што ќе настапи со свои советнички листи.

Видео линк:
https://www.facebook.com/share/v/1HoHnfg1sn/

ЗНАМ – За Наша Македонија

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан