• четврток, 26 март 2026

Потпретседателот на ЕБОР, Матео Патроне, на 10 и 11 март во посета на Албанија

Потпретседателот на ЕБОР, Матео Патроне, на 10 и 11 март во посета на Албанија

Тирана, 7 март 2025 (МИА) - Потпретседателот во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Матео Патроне, ќе ја посети Албанија на 10 и 11 март. За време на посетата на Албанија, тој ќе има средби со премиерот Еди Рама, министерот за финансии Петрит Малај и претставници од приватниот и јавниот сектор, објавија медиумите.

Ова ќе биде прва официјална посета на Патроне на оваа земја во неговата нова улога како потпретседател на ЕБОР, по што следните два дена 12 и 13 ќе престојува во Црна Гора.

-Нашата работа во Албанија и Црна Гора е од витално значење бидејќи сме водечка меѓународна финансиска институција во регионот. Оваа посета ја нагласува посветеноста на ЕБОР за поттикнување на економскиот развој. Зајакнувањето на нашите партнерства и ангажирањето со претставниците на јавниот и приватниот сектор на земјите ќе понуди одлична прилика да ги продлабочиме нашите врски во регионот. Со нетрпение очекувам да разговараме за нашите тековни проекти и да истражиме нови можности за поддршка на одржливиот раст, изјавил Патроне.

На двете посети ќе биде придружуван од регионалниот директор на ЕБОР за Западен Балкан, Матео Коланџели. Покрај тоа, за посетата на Албанија, тој ќе биде придружуван од шефот на ЕБОР на Албанија, Екатерина Соловова.

ЕБОР започна со работа во Албанија во 1991 година и оттогаш има инвестирано повеќе од 2,2 милијарди евра преку 159 проекти. Во 2024 година, Банката инвестираше над 200 милиони евра преку 18 проекти во земјата. вт/

Остани поврзан