Потпишување Декларација за фер, слободни и демократски избори
- Претседателите на подмладоците на политичките партии денеска во Скопје ќеја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза.

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Претседателите на подмладоците на политичките партии денеска во Скопје ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза.
Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан во организација на Институт Охрид, кој започна од 2014 година и се одржува пред секои избори.
Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво. дма/бак/
Фото: Институт Охрид