Потпишување грант-договор со ЕБРД како дел од проект финансиран од Европскиот фонд за Западен Балкан (во живо)
- На настанот ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас и Билјана Милошеска од ЕБРД.
Скопје, 15 јули 2025 (МИА) - Во Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде потпишан грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.
На настанот ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас и Билјана Милошеска од ЕБРД.
Грантот во вредност до 2 милиона евра, е наменет за спроведување на физибилити студии и анализи за животната средина и социјални аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион.