• четврток, 25 декември 2025

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЦУК и НП Шар Планина

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЦУК и НП Шар Планина

Скопје, 21 ноември 2025 (МИА) - Центарот за управување со кризии (ЦУК) и Националниот парк (НП) Шар Планина денеска склучија Меморандум за меѓусебна соработка. Документот официјално го потпишаа директорот на ЦУК Мухамед Али и директорот на Националниот парк Евзал Елмази. 

Со овој документ, како што велат од ЦУК, двете институции воспоставуваат партнерство за поефикасна превенција, рано предупредување, заштита и координирано реагирање при пожари, поплави, екстремни временски појави и други ризици што можат да ја засегнат Шар Планина.

Меморандумот опфаќа размена на информации 24/7, заеднички активности на терен, протоколи за постапување, обуки, вежби и иницијативи за заштита на природните вредности на паркот.

-Овој потег претставува значаен чекор кон унапредување на безбедноста, подготвеноста и институционалната координација, посочуваат од ЦУК.вј/вг/

Фото: ЦУК

 

Остани поврзан