• петок, 05 декември 2025

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“

Скопје, 4 август 2025 (МИА) – Министерството за европски прашања (МЕП) и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) денеска потпишаа Меморандум за соработка, со цел унапредување на капацитетите на институциите во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.

Како што информираат од МЕП, соработката ќе се реализира преку учество на претставници во проектни активности, конференции и работилници, како и преку поддршка на работната група формирана од Владата за воспоставување на механизам за проверка на странските директни инвестиции и потесната работна група за подготовка на нацрт-законот во оваа област.

Дополнително, се наведува во соопштението, ИДСЦС ќе обезбедува стручна и експертска поддршка во подготовката на преговарачката позиција за Поглавје 30 – Надворешни односи, особено во делот за проверка на странските директни инвестиции и имплементацијата на законските решенија.

Меморандумот предвидува и заеднички активности за поддршка на спроведувањето на обврските од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024–2027, како и промовирање на придобивките од реформите пред јавноста и засегнатите страни. ра/вј/

Фото: МЕП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан