• петок, 05 декември 2025

Потпишан Меморандум за соработка на oпштините Охрид и Пула

Потпишан Меморандум за соработка на oпштините Охрид и Пула

Пула, 6 мај 2025 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска со неговиот домаќин, градоначалникот на Пула, Хрватска, Филип Зоричиќ, потпишаа Меморандум за пријателство и соработка меѓу двата града.

Како што посочи Пецаков на неговиот фејсбук-профил, „богатството на човекот се мери според бројот и квалитетот на пријателите што ги има, а Општина Охрид  од  денес е побогата за уште еден пријател“.

За потпишаниот Меморандум градоначалникот на Охрид рече дека ги обврзува двете страни во рамки на своите можности и надлежности, да соработуваат во областите на економијата, културата, образованието, туризмот, науката и истражувањето, информатичките  технологии, младински прашања, здравство и социјална политика, јавни услуги, заштита и зачувување на културното наследство, заштита на природната средина, спорт и други области од заемен интерес.

- Ова поврзување со Пула е од особено значење за нас бидејќи ќе имаме можност да ги користиме нивните искуства во изработката и поднесувањето на проекти до eвропските фондови, искуствата во надоградувањето на концептот ‘Паметен град’ , развојот на туризмот и други области клучни за нас, вели Пецаков во неговиот статус. аб/лв/

фото/Општина Охрид

 

Остани поврзан