• сабота, 29 јуни 2024

Потпишан меморандум за разбирање меѓу обвинителствата за гонење на организиран криминал и корупција на Северна Македонија и Албанија​

Потпишан меморандум за разбирање меѓу обвинителствата за гонење на организиран криминал и корупција на Северна Македонија и Албанија​
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - Основната јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска денеска оствари работна средба со својот албански колега главен специјален обвинител во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал Арбен Краја, на која бил потпишан и Меморандум за разбирање помеѓу обвинителствата со кои раководат. Русковска и Краја, како што информираат од ОЈО, на средбата имале плодна дискусија во врска со подобрување и унапредување на билатералната соработка во борба против организираниот криминал и корупцијата, а водени од принципите на еднаквост, меѓусебно разбирање и заемни интереси. - Со Меморандумот обвинителствата се обврзаа во рамките на своите надлежности и согласно европското законодавство и законодавствата на Р.С.Македонија и Р.Албанија да ги зајакнат меѓуинституционалните односи во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Воедно, обвинителите се договорија да соработуваат преку размена на информации и документи поврзани со нивниот делокруг на работа, советување за општи правни прашања поврзани со заемната правна помош и меѓусебни посети со цел подобрување на знаењето и зајакнување на вештините на јавните обвинители од двете обвинителства, се вели во соопштението од ОЈО. аа/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан