Потпишан договор за проект за доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ во село Црник
- Во Пехчево денеска е потпишан договор за реализација на локална акција „Доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ – село Црник, Пехчево. Договорот го потпишаа градоначалникот на Пехчево, Александар Китански и претставници на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
Пехчево, 24 септември 2023 (МИА) - Во Пехчево денеска е потпишан договор за реализација на локална акција „Доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ – село Црник, Пехчево. Договорот го потпишаа градоначалникот на Пехчево, Александар Китански и претставници на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
Како што информираа од општината, Општина Пехчево ја има предвидено конкретната акција и за неа има обезбедено средства за реализација
во рамки на Локалниот акциски план за инклузија на ромите во Пехчево за 2023 – 2027 година.
-Проектот ќе се реализира со цел да се подобрат условите за работа, учење и престојување на учениците и персоналот во подрчаното основно училиште во село Црник, информираа од општината.
За реализација на проектот дел од средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, а дел од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико
Ромалитико, како што беше кажано при потпишувањето на договорот преку проектот Заедно за просперитетна заедница поддржан од Агенција за меѓународен развој ( УСАИД ) има обезбедено средства наменети за иницјативи за решавање на проблеми, со цел подобрување на состојбата на припадниците на ромската заедница. вс/лв/
Фото: МИА