• петок, 22 ноември 2024

Потписите против регионален центар за третман на отпадна гума предадени во Општина Кавадарци 

Потписите против регионален центар за третман на отпадна гума предадени во Општина Кавадарци 

Кавадарци, 15 август 2024 (МИА) - Потписите против најавената намера на инвеститор за отварање на регионален центар за третман на отпадна гума, денеска се предадени во Општина Кавадарци, информираат од граѓанската иницијатива што ја организираше петицијата против ваков објект од Г-1 индустрија.  

- Потписите од граѓанската петиција против отворање на регионален центар за рециклирање на отпадна гума во општина Кавадарци, денеска беа предадени и архивирани во Општина Кавадарци. Уште еднаш потврдено дека граѓаните може да бидат спокојни, овој проект во општина Кавадарци нема да биде реализиран. Јавна благодарност до сите, се покажа дека граѓаните се секогаш на прво место. Кавадарци за сите, велат од  граѓанската иницијатива. 

Оттаму додаваат дека за неколку дена, во Кавадарци беа собрани над пет илјади потписи против ваков индустриски капацитет. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан